Ѓукановиќ: Сакам Црна Гора и Србија да имаат односи како како Чешка и Словачка

од Vladimir Zorba

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ рече дека нема сомнеж дека Црна Гора ќе остане независна и стабилна на патот кон Европската унија. Тој е убеден дека Црна Гора ќе биде првата следна членка на ЕУ, бидејќи најмногу напредувала во преговарачкиот процес.

Тој исто така изјави дека Србија се обидува да докаже дека Црна Гора е српска држава.

Говорејќи за односите меѓу Црна Гора и Србија, како што пренесува порталот РТЦГ, Ѓукановиќ рече дека неговата визија е двете земји да имаат односи како Чешка и Словачка и додаде дека Црна Гора се обидува да ја зачува шансата за таква врска во иднина.

За жал, како што рече, во Белград има проблем што, вели тој, трае со векови.

„Србија се обидува да докаже дека Црна Гора е српска држава, дека Црногорците се всушност Срби, дека нема црногорска црква, култура … Тоа е постојан вековен напор на Србија, артикулиран од големосрпскиот национализам, да ја присвои Црна Гора и да ја направи дел од српскиот државен национален и културен идентитет, затоа тие беа против независноста на Црна Гора“, рече Ѓукановиќ во интервју за словачки ТА3.

Слични содржини