272
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека амбасадорот на Србија во Подгорица, Владимир Божовиќ, е оправдано протеран од Црна Гора.
За време на паузата на парламентарната седница, каде присуствувал на претставувањето на програмата на Владата на мандатарот, Здравко Кривокапиќ, Ѓукановиќ оценил дека дипломатските односи меѓу Црна Гора и Србија се на исто ниво со другите земји.
Во врска со одлуката на МНР во заминување да го протера српскиот амбасадор во Подгорица, Владимир Божовиќ, поради изјавата за Собранието на Подгорица во 1918 година, Ѓукановиќ соопштил:
„Верувам дека амбасадорот на Србија ги исполни сите услови за ваквиот однос на Министерството за надворешни работи кон него“, објавиле црногорските медиуми.