Ѓукановиќ упати повик на консултации за мандатар до носителите на коалициските листи

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Согласно член 95 став 5 од Уставот на Црна Гора, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ упати повик на консултации за мандатар за состав на Влада на Црна Гора до носителите на коалициската листа: „За иднината на Црна Гора“ Здравко Кривокапиќ, „Мирот е нашата нација“ на Алекса Бечиќ и „Црно на бело“ на Дритан Абазовиќ, кој, по конститутивната седница одржана на 23.09. 2020 година, поднесе предлог за мандатар, потпишан од 41 пратеник, објавено е од кабинетот на претседателот на Црна Гора.

„Датумот закажан за консултациите е четврток, 8 октомври 2020 година, со почеток во 11:00 часот, во зградата на претседателот на Црна Гора“, се вели во соопштението, пренесува „Вијести“.

По консултациите, Ѓукановиќ, како што беше најавено, ќе го достави предлогот до Парламентот на Црна Гора во согласност со Уставот.