Ѓукановиќ: Земјите од Западен Балкан се подалеку од ЕУ отколку во 2014 година

од Берта Китинска

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ синоќа во Брисел изјави дека земјите од Западен Балкан сега се подалеку од ЕУ отколку во 2014 година.

„Ова е последен момент да ги разјасниме нашите односи со Европската унија, мора да знаеме дали перспективата на земјите од Западен Балкан во Европската унија е навистина реална во догледна иднина и мора да дефинираме јасна временска рамка“, рече Ѓукановиќ по работната вечера со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

Во спротивно напомена тој дека , празниот простор на Западен Балкан ќе го користат трети земји.

Според Ѓукановиќ, одговорот на ЕУ на европската перспектива на Западен Балкан е „минимум точност и одговорност за партнерство“.

„Потсетив дека на почетокот на мандатот на оваа Европска комисија, имавме неколку оптимистички проценки за европската иднина на Западен Балкан, но истовремено пристигнаа и други проценки, од други европски центри, што е во спротивност со тие најави“, – рече Ѓукановиќ.

Слични содржини