Го поттикнува метаболизмот и е добар борец против настинките, било како чај или како зачин во храната, коренот од ѓумбир е еден од најпопуларните домашни лекови. Но, ѓумбирот не е погоден за секого и може да предизвика проблеми кај одредени луѓе.
Кога ќе настинат, многу луѓе прво посегнуваат по ѓумбир. Овој лут корен е еден од најпопуларните домашни лекови против настинки и болки во грлото. Содржи есенцијални масла кои ја стимулираат циркулацијата на крвта и го загреваат телото. Ѓумбирот исто така може да го забрза метаболизмот.
Сепак, треба да бидете внимателни, бидејќи премногу ѓумбир може да има опасни несакани ефекти. Габриела Кауфман од германскиот федерален центар за исхрана вели дека одредени групи луѓе треба да избегнуваат ѓумбир.
„Горчината на неговите есенцијални масла може да предизвика непријатност“, рече таа.
Ако имате чувствителен стомак и страдате од горушица, избегнувајте ѓумбир.
„Чувството дека нешто е луто секогаш значи чувство на болка. Етеричните масла можат да го иритираат желудникот за да произведува повеќе киселина. Луѓето кои имаат стомачни проблеми треба да избираат поблаги супстанци поради тоа“, вели Кауфман.
Општо земено, луѓето со чувствителни мукозни мембрани треба да избегнуваат ѓумбир. Зачинетите состојки можат да предизвикаат и иритација и болка во устата и грлото, пренесе Focus.de.
Дури и ако не спаѓате во оваа група на луѓе, сепак не треба да консумирате премногу ѓумбир.
„Ако сте настинати, можете да ставите парче во уста и да го цицате или можете внимателно да го гризете. Но, по една минута треба да го исплукате. Тоа ќе биде доволно“, предлага Кауфман.