310
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, се уште не одлучил за својата иднина, откако одигра клучна улога во освојувањето на титулата во Премиер лигата во последното коло од сезоната.
Гундоган (31) за германскиот магазин „Кикер“ изјави дека ќе разговара со раководството на клубот пред да одлучи дали ќе остане во Сити или ќе замине. Фудбалерот е дел од англискиот тим од 2016 година и има договор до 2023 година.
Гундоган беше стартер на 20 од 38-те натпревари на Манчестер Сити во Премиер лигата.
„Едно од прашањата е дали и кога ќе посакам нешто ново за себе. Се уште не сум одговорил на тоа прашање“, изјави Гундоган, нагласувајќи дека тој е фудбалер кој сака да игра редовно.