Ѓуровски: Oставката на Заев е потег непознат за Македонија и регионот

од Берта Китинска
420 прегледи

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се појави во Собранието, затоа што политиката треба да се врати во нормални рамки, што помалку да се гледаат разговори во Клубот на пратениците, вели проф.Марјан Ѓуровски, во Студио 10 на ТВ24.

Тој смета дека „Отворен Балкан“ е поен плус за регионот, но не и алтернатива за забавениот процес на евроинтеграциите.

-Може да го сакате или не досегашниот премиер Заев, но тој со оставката манифестираше потег на култура кој не е познат ниту за Македонија, ниту за поширокиот регион. Оттука сметам дека неговата oдлука треба да се почитува и да придонесе за поголема демократија.Се разбира дека помал е успехот во борбата со организацијата на криминалот и корупцијата. Реално, каде беше Македонија пред 9 години, каде е сега, нивото на слобода е големо. Но и тоа не е доволно, па граѓаните ја казнија оваа Влада. Треба да се праша дали Заев е виновен за поразот на СДСМ, вели Ѓуровски.

Според него новиот мандатар Ковачевски и генералниот секретар Зечевиќ треба самостојно да го составот својот тим.

Слични содржини