Гутереш: Ако има пекол на Земјата, тоа се животите на децата во Газа

од Vladimir Zorba

„Ако има пекол на Земјата, тоа се животите на децата во Газа“, рече Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на почетокот на вонредната сесија на Генералното собрание на ОН за кризата на Блискиот исток, одржана во четвртокот.

Гутереш имплицитно ги критикуваше Израел и Хамас за кршење на „законот за војна“ кој забранува неселективни напади и напади врз цивили и цивилен имот, како и напади врз воени цели што предизвикуваат несразмерни цивилни жртви.

„Борба против тероризмот или самоодбрана“, како што рече, не се изговор, пренесува АП.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки на седницата го обвини Израел за „геноцид врз палестинските семејства“ и ја повика меѓународната заедница да го штити палестинскиот народ се додека не им биде обезбедена слобода.

Ал-Малки рече дека секоја земја во светот има одговорност да обезбеди мир, правда и слобода, и апелираше до Генералното собрание на ОН да се осигура дека Израел е одговорен за убиството на, како што рече, на невини Палестинци и да не му се дава оружје.

Палестинскиот министер додаде дека Палестинците ја известиле администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и блискоисточниот квартет на медијатори – САД, ОН, ЕУ и Русија – за политички процес што ќе доведе до „крај на израелската окупација на Палестина“ и нејзиниот главен град и кој треба да биде проследен со крај на „окупацијата“ против палестинскиот народ.

Слични содржини