Гутереш: Ако САД не се ангажираат, некој друг ќе ги замени

од Vladimir Zorba
89 прегледи

   Генералниот секретарт на Обединети нации Антонио Гутереш ја предупреди администрацијата на Доналд Трамп дека некој ќе го заземе местото на САД ако тие не се ангажираат за бројните светски прашања.

– Ако САД не се ангажираат во големиот број аспекти на надворешната политика и во големиот број прашања од меѓународните односи, неизбежо ќе дојде до тоа други актери да го заземат тој простор, посочи Гутереш одговарајќи на прашања за новиот светски поредок предизвикан од акциите на администрацијата на Трамп.

Тој додаде дека тоа нема да биде добро ниту за САД ниту за светот.

Гутереш на својата прва прес-конфертенција од преземањето на должноста наведе дека предлогот за намалување на средствата на САД за ОН може да „создаде нерешлив проблем во раководењето со ОН“.

Тој најави дека планира наскоро да го посети Вашингтон со цел да ги запозна членовите на Конмгресот со потребата САД да продолжат да ги финансираат ОН.

Генералниот секретар на ОН изрази загриженост дека би можело да дојде до директна конфронтација меѓу САД и Русија за Сирија и апелираше на деескалација на ситуацијата откако американската армија собори сириски авион.