Гутереш: Аунг Сан Су Кју има последна шанса да ја запре воената офанзива врз Рохиња народот

од desk2
58 прегледи

Лидерката на Мјанмар Аунг Сан Су Кју има последна шанса да ја запре воената офанзива која присили стотини илјади муслимански Рохиња да бегаат во странство, вели секретарот на ОН Антонио Гутереш.

За BBC изјави дека, доколку Су Јку не реагира веднаш, последиците ќе бидат страшни. ОН предупреди дека овој напад може да доведе до етнично чистење.

„Ако сега не сопре оваа ситуација, трегедијата ќе биде страшна и не гледам како во иднина ќе можат да се спречат последиците“, вели Гутереш, додавајќи дека Рохиња народор треба да биде вратен дома.

Су Кју се соочува со растечки притисок за оваа ситуација. Таа го откажа присуството на состанокот на Генералното собрание на ОН и изјави дека вистината за кризата е искривена и преувеличена со пласирање дезинформации.
Предупредувањето на Антонио Гутереш доаѓа откако Бангладеш предупреди дека го ограничува движењето на 400.000 Рохиња кои побгнале од Мјанмар, Полицијата во Бангладеш не им дозволува движење надвор од местата во кои се сместени, а на жителите на Бангладеп им е забрането да издаваат места за сместување. Најавија дека ќе изградат засолништа за 400.000 луѓе.

Аналитичарите сметаат дека властите на Бангладеш со ова сакаат да спречат мешање на Рохиња со жителите на земјата за полесно да се вратат во Мјанмар или дури и во трета земја.

Рохиња војниците на 25 август нападнаа полициска станица на северот на Рахина и убија 12 членови на обезбедувањето. Рохиња народот од тогаш го напуштаат Мјанмар, велат дека војската одговорила со брутална кампања, спалувајќи ги домовите и напаѓајчи ги цивилите.