115
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска и утре ќе го посети Киев каде ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, соопшти денеска неговиот портпарол.
Тоа е трето патување на Гутереш во Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја пред една година.
Генералниот секретар на ОН вчера пристигна во Полска, од каде ќе го продолжи патувањето за Киев пред утре да се сретне со украинскиот претседател, се вели во соопштението на портпаролот на Гутереш, Стефан Дизарик.
Тој рече дека Гутереш ќе разговара со Зеленски за продолжување на договорот за извоз на украински житарки.