Гутереш: Дури и војните имаат правила, цивилите мора да бидат заштитени

од Nikola Popovski
254 прегледи

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш изјави дека е неопходен итен хуманитарен пристап до Газа.

– Мора да се почитуваат меѓународното хуманитарно право и правото за човекови права, рекол Гутереш во Обединетите нации.

Како што истакнал тој, преместувањето на повеќе од милион луѓе низ густо населената воена зона до место без храна, вода или засолниште е исклучително тешко, а во некои случаи едноставно не е можно.

-Потребен ни е итен хуманитарен пристап до цела Газа за да можеме да добиеме гориво, храна и вода за сите на кои им е потребно. Дури и војните имаат правила. Цивилите мора да бидат заштитени и не смеат да се користат како штитови, порачал Гутереш.

Слични содржини