126
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди терористичкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест лица, јавува Anadolu Agency.
Гутереш изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите и до Владата на Турција.
Остро осудувајќи го нападот, Гутереш на повредените им посака брзо закрепнување.
Во вчерашната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул загинаа шест, а повредени се 81 лице.