373
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја бранеше поддршката што Обединетите нации ја даваат на Игрите во Пекинг, нагласувајќи дека во овој момент, повеќе од кога било, потребна е пораката за единство и солидарност, што е и порака на Олимписките игри.
По состанокот со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, ден по официјалното отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, Гутереш рече дека пораката на Игрите за солидарност е важна, пренесе Ројтерс.
„Кога имаме толку многу конфликти низ светот, ја гледаме апсолутната важност од одржувањето на Олимписките игри на кои се претставени сите земји, дури и за жал, некои во кои се води војна“, рече тој.