Гутереш: Крајно време е за праведен мир во Украина врз основа на Повелбата на ОН

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на седницата на Советот за безбедност на ОН одржана по повод двегодишната војна во Украина изјави дека е крајно време за праведен мир заснован на Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание на ОН.

На седницата одржана вчера, Гутереш изрази длабока загриженост за можната ескалација на конфликтот и ја истакна фундаменталната потреба од почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, објавено е на веб-страницата на ОН.

„Време е повторно да се посветиме на Повелбата и да го вратиме почитувањето на меѓународното право“, рече Гутереш, нагласувајќи дека тоа е патот кон мирот и безбедноста во Украина и во целиот свет.

Слични содржини