401
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на последниот ден од самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Џакарта предупреди на опасност од фрагментација и „голем колапс“ на светските економски и финансиски системи.
Во говорот на самитот на АСЕАН, на кој присуствуваа САД, Кина, Јапонија и други земји, Гутереш ги повика светските лидери да најдат мирни и инклузивни решенија за предизвиците со кои се соочува светот, објави „Ројтерс“.
„Постои реална опасност од фрагментација – голем колапс на светските економски и финансиски системи, со различните стратегии во технологиите и вештачката интелигенција и конфликтни безбедносни рамки“, рече генералниот секретар на ОН.