280
Светот се соочува со „катастрофа“ поради зголемениот недостиг на храна, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш преку видео-врска до учесниците на состанокот на Групата седум (Г7) на повеќето економски развиените земји во Берлин.
Гутереш изјави дека конфликтот во Украина дополнително го наруши глобалното снабдување со храна, кое веќе беше загрозено од климатските промени, пандемијата на коронавирус и големите економски разлики меѓу земјите, и дека произведе „глобална криза со глад без преседан“ која веќе погодува стотици милиони луѓе, наведува АП.
„Постои реален ризик да се прогласи глад на неколку места во светот во 2022 година, а во 2023 година може да биде уште полошо“, изјави Гутереш.