201
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутериш на својот профил на Твитер ја нарече актуелната ситуација во Либија „скандалозна“, пренесоа светските агенции.
„Тоа што се случува во Либија не е ништо друго освен скандал“, напиша Гутереш на Твитер.
Тој забележа дека во Либија и натаму пристигнува оружје од сите страни, а воените операции и натаму траат, што ја влошува и онака тешката хуманитарна ситуација.
Највисокиот претставник на светската организација додаде дека ОН имаат потреба од конечен прекин на воените дејствија во Либија.