217
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска најави дека ќе започне истрага која ќе ги утврди фактите за нападот на украинскиот град Оленивка на првата линија на фронтот во кој беа убиени затвореници кои, како што рече, биле држени од „сепаратисти поддржани од Москва“.
„Русија и Украина побараа да се спроведе истрага“, изјави Гутереш за новинарите, пренесе „Ројтерс“.
Генералниот секретар на ОН изјави дека се подготвува мисија за која, како што додаде, ќе биде потребна согласност и од Русија и од Украина.