Гутереш: Неприфатливо е израелската влада да го отфрли решението за две држави

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш истакна дека е неприфатливо израелската влада да го отфрли решението за две држави.

„Повторното отфрлање на решението за две држави на највисоко ниво на израелската влада е неприфатливо“, изјави Гутереш на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Појасот Газа.

Тој побара итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

Посочи дека ништо не може да го оправда „намерното убивање, ранување или киднапирање на цивили“, како и сексуалното насилство и неселективното лансирање ракети кон нив.

Гутереш изјави дека Израел предлага двомесечна пауза во борбите во замена за „постепено ослободување“ на преостанатите заложници во Газа, објавено е на веб-страницата на ОН.

„Ќе продолжам, со ограничени капацитети, да вложувам максимални напори за да придонесам за нивно ослободување“, рече генералниот секретар на ОН.

Гутереш го повтори апелот за итно ослободување на заложниците и хуманитарен прекин на огнот.

„Ова ќе обезбеди доволна помош да стигне таму каде што е потребна, ќе го олесни ослободувањето на заложниците и ќе помогне да се намалат тензиите на Блискиот Исток“, заклучи тој.

Слични содржини