Гутереш: Пакистан се соочува со „монсун на стероиди“

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека Пакистан се соочува со „монсун на стероиди“ откако поплавите потопија третина од земјата.

Во видео порака, Гутереш ја нарече Јужна Азија „жариште на климатската криза“ каде што луѓето имаат 15 пати поголема веројатност да умрат од ефектите на климатските промени.

Гутереш го повика светот да му помогне на Пакистан додека тој упати апел од 160 милиони долари за помош на десетици милиони погодени од катастрофата, објави Би-Би-Си.

Слични содржини