Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш порача дека правата на жените не се луксуз кој може да чека додека кризата во светот не се реши и наведе дека на секои 10 минути една жена или девојче е убиена од семејството или партнерот, и дека на секои две минути една жена умира за време на бременост или породување.
Гутереш, во авторски текст по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, оцени дека светскиот напредок во правата на жените полека исчезнува пред наши очи, а најновите прогнози проценуваат дека, доколку се продолжи со ова темпо, ќе бидат потребни уште 300 години за постигне целосна родова еднаквост.
„Мораме да ги смениме овие ужасни трендови и да се залагаме за животите и правата на жените и девојките насекаде. Ова е еден од моите врвни приоритети и столбот на работата на Обединетите нации ширум светот. Од Јужен Судан до Мјанмар, ние ги поддржуваме жените и девојчињата во криза со тоа што ќе се погрижат во мировните процеси да се слушне и нивниот глас“, рече Гутереш.