125
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја оцени руската воена операција во Украина како кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право и додаде дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје.
„Слушнавме имплицитни закани за употреба на нуклеарно оружје. Таканаречената тактичка употреба на нуклеарно оружје е целосно неприфатлива. Крајно време е да се повлечеме од тој раб“, рече Гутереш на состанокот на ОН по повод првата годишнина од војната во Украина, пренесе Ројтерс.
Британската агенција наведува дека откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари минатата година, рускиот претседател Владимир Путин постојано навестувал дека Русија може да употреби нуклеарно оружје доколку биде загрозена.