Гутереш предупредува на проблем со снабдувањето со храна без руското и украинското производство

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата предупреди дека проблемот со глобалната безбедност кога станува збор за снабдувањето со храна не може да се реши без обновување на украинското земјоделско производство и руското производство на храна и ѓубрива за светскиот пазар.

Руската инвазија на Украина дополнително го наруши финансискиот пазар и ги зголеми цените на суровините, а во многу земји потенцијално го загрози економското закрепнување по Ковид-19.

„Анализата на ОН покажува дека војната во Украина само ги влошува работите, предизвикувајќи тридимензионална криза која ги уништува глобалните системи за храна, енергија и финансии за земјите во развој“, изјави Гутереш за новинарите за време на неговата прва посета на нигерискиот главен град Абуџа.

Тој додаде дека нема вистинско решение за глобалната безбедност во снабдувањето со храна без обновување на украинското земјоделско производство, како и руското и белоруското производство на храна и ѓубрива за светскиот пазар.

Гутереш рече дека ОН побарале дополнителни 351 милион долари за помош на Нигерија, која беше принудена да купи итни резерви на ѓубрива од Канада во април поради санкциите на Западот воведени против Русија.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатиот месец предупреди дека руската инвазија на Украина предизвика огромен негативен шок во субсахарска Африка, ставајќи ги најранливите групи на ризик од глад.

Слични содржини