Гутереш: Во Газа ја видов најлошата смрт и уништување

од Nikola Popovski
32 прегледи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш синоќа изјави дека ОН понудиле да го надгледуваат секое примирје постигнато во Појасот Газа и повикуваат да се стави крај на „најлошата смрт и уништување“ што ги видел во неговиот седумгодишен мандат.

Во интервју за АП, тој вели дека е нереално да се мисли дека ОН би можеле да играат улога во иднината на Газа, без разлика дали се работи за управување или мировни мисии, бидејќи тешко е дека Израел ќе прифати такво нешто.

„ОН ќе бидат достапни да поддржат каков било прекин на огнот“, рекол Гутереш, пренесува RSE.

Обединетите нации имаат воена набљудувачка мисија на Блискиот Исток, позната како УНТСО, од 1948 година.

„Ние, се разбира, ќе бидеме подготвени за се што ќе побара меѓународната заедница од нас. Прашањето е само дали страните ќе го прифатат, односно дали Израел ќе го прифати“, навел тој.

Израел блокираше и бомбардираше големи делови од Појасот Газа во војната што започна откако палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел на 7 октомври минатата година, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе.

Според здравствените власти во Газа, која е под контрола на Хамас, повеќе од 40.000 луѓе се убиени на палестинските територии од почетокот на војната.

Слични содржини