Гувернерот Богов ги брифирал дипломатите и странските мисии дека денарот е стабилен

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Вчера , според извори од НБМ, гувернерот Богов ги повикал на брифинг странските амбасадори и преставници на странски мисии во земјава за да им објаснел дека денарот има стабилен курс и дека политичките случувања се одразуваат на економијата, но државата имала потенцијали да ги сервисира долговите кон надвор и дека гласините дека државната каса од ден на ден е се попразна се шпекулација, јавува Либертас.Dimitar-Bogov1-670x503

Гувернерот на оваа за јавноста тајна средба уверувал дека нема опасност од инфлација и дека денарот останува стабилен одбегнувајки да им каже дека курсот се одржува вештачки, велат извори од НБМ.

Од оваа средба со странските дипломати изостана соопштение од кабинетот на гувернерот.