Гувернерот на Хаваи: Идентификувањето на жртвите ќе трае со недели

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Гувернерот на Хаваите Џош Грин денеска изјави дека идентификувањето на загинатите во шумските пожари во Мауи ќе биде многу тешко и најверојатно ќе трае со недели.

Тој повтори дека бројот на загинати се искачил на 106, а од семејствата на жртвите е побарано да дадат примероци од ДНК.

„Генетски тим ќе помогне да се идентификуваат жртвите бидејќи околу 185 спасувачи и 20 кучиња трагачи продолжуваат да чешлаат низ пепелта на домовите и другите структури изгорени во најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од еден век“, изјави Грин за Си-Ен-Ен.

Слични содржини