
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо во четвртокот недвосмислено го критикуваше начинот на кој Белата куќа управува со епидемијата и оцени дека пристапот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е неспорно погрешен.
Тој рече дека во еден момент сакал да воведе карантин за патниците кои доаѓаат од Флорида, стравувајќи дека вирусот ќе се прошири дополнително во Њујорк.
Пристапот на федералната администрација за решавање на епидемијата на коронавирусот беше оценет од Кумо како „неспорно погрешен“.
Тој го нарече однесувањето на Белата Куќа како „чиста политичка идеологија“.
„Политичката теорија беше на дело, теоријата на односи со јавноста, наспроти научно заснованата теорија базирана на факти“, рече тој за Ројтерс.
Кумо рече дека Њујорк успешно се бори против ширењето на коронавирусот, дека бројот на хоспитализации се намалува од ден на ден и дека помалку од еден процент биле позитивни при околу 68.000 граѓани тестирани во средата.