Гувернерот на Њујорк: Сиромашните граѓани почесто позитивни на антитела

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Њујорчаните од посиромашните заедници веројатно биле почесто позитивни на антитела на КОВИД-19 од просекот, привлекувајќи внимание на непропорционалното влијание на болеста врз луѓето со обоена кожа, изјави во средата американскиот државен гувернер Ендру Куомо.

На дневниот брифинг, тој рече дека од 8.000 лица тестирани во заедници со ниски приходи во Њујорк, 27 проценти имаат антитела на КОВИД-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, во споредба со 19,9 проценти кај општата популација.

Студијата, спроведена во координација со „Northwell Health“ и црквите во заедницата, покажа колку вирусот земалзамав кај Афроамериканците и Латиноамериканците во посиромашните населби, рече Куомо, пренесе Ројтерс.

Како пример, тој наведе дека 43% од анкетираните во Морисанија, станбен комплекс со население со ниски приходи во Бронкс, е позитивно за антитела.

Морисанија исто така имала 81 процент повисока стапка на хоспитализација од градскиот просек, рече гувернерот.

Иако помина врвот на епидемијата и броките се подобри, Куомо апелираше до Њујорчаните да носат маски во јавноста.

Тој изјави дека трендот на намалување на бројот на хоспитализации продолжи на државно ниво, додека дневниот број на починати се зголеми на 112, од 105 на претходниот ден.