Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека состојбата со коронавирусот се подобрува, но нема причина за славење.

Куомо рече дека 540 луѓе починале во последните 24 часа во државата Њујорк како резултат на зараза на коронавирус. Ова е најмал број на дневни жртви по повеќе од две недели.
„Околу 2.000 нови случаи на заразени се примени во болниците, што сè уште е огромен број“, додаде Куомо за време на редовниот брифинг за печатот.
Според него, ситуацијата е слична како на крајот на март кога бројот на заразени лица почна да се зголемува, но тажна вест е дека 540 лица починале вчера.
Куомо додаде дека најголеми страв се пензионерските домови.
– Имате поголема група ранливи луѓе на едно место. Тоа е права „гозба“ за овој вирус, рече Куомо.