Зголемена фрекфенција и метеж на граничниот премин кон соседна Грција. Од веб-камерите на границите може да се забележи зголемена фрекфенција, гужва и долги колони на граничниот премин „Богородица“.
На влез во земјава кај ГП „Блаце“ со соседна Србија не се забележува голем застој во движењето на возила кои влегуваат.
Според последното известување од АМСМ, на „Богородица“ се чека околу 40 минути за излез од земјава.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.