Гужва на аеродромот во Тел Авив од каде треба да бидат евакуирани македонските граѓани (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
560 прегледи

Речиси изминува шестиот ден ден од војната во Израел, а бројот на жртвите продолжува да се зголемува. Голем број земји, меѓу кои и Македонија прават напори да ги евакуираат своите државјани кои бараат да ја напуштат тамошната територија и областа околу појасот Газа.

Македонската влада вчера соопшти дека во соработка со „Ер Србија“ е организиран чартер лет на релација Тел Авив-Скопје, а како што се дознава авионот со српски и македонски државјани ќе полета од аеродромот во израелскиот главен град во 13 часот по локално време.

Дел од српските медиуми објавија видео од аеродромот во Тел Авив каде може да се види голема гужва пред поаѓање и нетрпение меѓу присутните државјани.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера изјави дека 60 македонски државјани веќе се вратиле од Израел и оти очекува останатите 90 кои се идентификувани да се вратат денес.

Во четвртокот беа гранатирани два аеродроми во Сирија, во Алепо и Дамаск, додека во појасот Газа бројот на загинати надмина 1.400, а во Израел 1.300.

Слични содржини