Гужва на „Богородица“ за продолжениот викенд, се чека до половина час

од Nikola Popovski
234 прегледи

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

Со оглед на продолжениот викенд и неработниот ден понеделник 1-ви мај, на граничниот премин Богородица време на чекање за излез од државата е околу 30 мин, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што може да се види од камерите на ГП „Богородица“, има четири колони со автомобили кои чекаат да се упатат кон Грција.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини