Гужва на германската граница поради новите корона-мерки: Луѓето чекаат на ред за тестирање

од Stefanija Kuzmanovska

Германската полиција денес објави дека колоните автомобили и пешаците создале гужви на чешко-германската граница, откако Германија ја прогласи Чешка за земја со висок ризик, што значи дека е потребен негативен тест на корона за влез од неа.

Стотици автомобили формираа ред на премините Валдмунхен и Фирт во Валд, а се наведува дека редовите ги правеле чешки граѓани кои работат во Германија, пренесува АП.

Од неделата, потребен е негативен тест на коронавирус не постар од 48 часа за влез во Германија од Чешка, додека оние кои не работат во Германија мора да бидат изолирани 10 дена.

Поради зголемениот број на барања, Чешка ќе ги зајакне своите капацитети за тестирање на граничните премини.

Исто така беше најавено дека чешкиот премиер Андреј Бабиќ ќе разговара за ситуацијата со неговиот баварски колега Маркус Седер.

Слични содржини