237
Сообраќајот е засилен на магистралните патишта и сите важни патни правци во Македонија, а многу високите температури најавени за денеска ќе го отежнат возењето, објави Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ).
Според нив, поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, а поголема гужва се забележува и на граничниот премин Ќафасан.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.