Гужва на границите – еве колку се чека на „Богородица“ и „Табановце“

од Nikola Popovski
114 прегледи

Гужва има на северната и на јужната граница. Сезоната на летните одмори е во полн ек, а сите што патуваат кон соседна Грција се обидуваат на секој можен начин да ја избегнат гужвата.

Како што објави АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Иако оттаму објавија дека се чека околу половина час на ГП „Табановце“ за влез и ГП „Богородица“ за излез од земјава, чекањето е многу подолго.

Како што може да се види од камерите на граничните премини, граничарите на „Богородица“ ги пропуштаат граѓаните во три колони кои се издолжуваат неколку километри.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини