Гужва на „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу еден час

од Nikola Popovski
278 прегледи

Повторно колони и гужви на дел од граничните премини во државата. Како што информираат од Авто-Мото Сојузот на Македонија, на ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 1 час.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.

Според камерите од „Богородица“, може да се забележни две полни ленти со возила кои чекаат влез на грчка територија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини