Гужви на бензиските станици: Граѓаните навалија поради новите цени (ФОТО)

од Nikola Popovski
289 прегледи

Голем број граѓани навалија кон бензинските пумпи во Скопје, создавајќи големи гужви.

Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите поради вечерашното големо зголемување на цените на горивата.

Откако Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени од полноќ, се создадоа големи редици на влезовите на бензиските пумпи.

Од полноќ, 1-ви јуни малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит. Литар дизел ќе чини 95 денари.

Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.

Фото: Локално

Слични содржини