Гужви на „Богородица“ пред продолжениот празничен викенд

од Nikola Popovski
451 прегледи

Повторно гужви на граничните премини во државата – „Табановце“ и „Богородица“. Продолжениот празничен викенд, кој започнува утре, ја зголеми фреквенцијата на граничните премини со јужниот сосед, а туристичките места во Грција и оваа недела повторно се едни од најатрактивните за посета од страна на македонските државјани.

Од АМСМ велат дека карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Според камерите на ЈПДП, во моментов на „Богородица“ се пуштени три коловозни ленти и може да се забележи дека возилата споро се придвижуваат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини