Гужви на „Богородица“, пуштени се сите ленти

од Nikola Popovski
278 прегледи

Утрово повторно гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција.  Авто-мото сојузот на Македонија, сооопшти дека задржувањето изнесува околу 30 минути. Пуштени се четири ленти и по една за автобуси и камиони и сите се полни со патнички и товарни возила.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини