Гужви на граничните премини за продолжениот првомајски викенд

од Марта Пешевска
23 прегледи

За продолжениот викенд поради спојувањето на 1 Мај со викендот, голем број граѓани од Македонија се одлучија да патуваат надвор од државата. Најголем сообраќаен метеж се забележува на граничните премини „Богородица“ и „Блаце“, каде што времето на чекање достигнува од 30 минути до еден час. Иако на „Ќафасан“ и „Меџитлија“ има помал сообраќај, сепак и таму се бележи отежнато движење. Вчера, времето на чекање за излез од Македонија изнесувало околу 15 минути, додека за влез во соседните земји, особено на „Богородица“, патниците чекале и до 30 минути. Состојбата на граничниот премин „Богородица“ и денеска покажува голема фреквенција на возила, со сите четири колони исполнети со автомобили и автобуси кои чекаат за излез од државата. Слична слика има и на преминот „Блаце“, каде што исто така е забележан зголемен број на возила.

Слични содржини