Гужви на границата на Русија и Финска поради мобилизацијата

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Гужвите на границата на Финска и Русија, каде претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација, се зголеми во текот на ноќта, соопшти денеска финската гранична стража и додаде дека ситуацијата е под контрола.

„Финска внимателно ги следи настаните во соседна Русија по наредбата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за воена мобилизација“, изјави вчера финскиот министер за одбрана Анти Кајконен, пренесува „Ројтерс“.

Шефот за меѓународни работи на финската гранична полиција изјави дека вчера 4.824 Руси влегле во Финска преку источната граница.

Слични содржини