Гужви поради вакцинација во Србија: На Табановце до 11 часот поминале 2.500 граѓани

од Берта Китинска
244 прегледи

Околу 2.500 македонски државјани излегле од државата преку граничниот премин Табановце од полноќ до 11 часот, соопштија денеска од МВР.

– Во периодот од 00:00 до 11:00 часот на 05.06.2021 на ГП Табановце влез оствариле 805 македонски државјани, а излез оствариле 2.449 македонски државјани. Во истиот период влез оствариле 2.468 странски државјани, а излез оствариле 794 странски државјани- соопштија од МВР.

Зголемената сообраќајна фрефенција на овој граничен премине е заради  вакцинација против ковид 19 во Србија.

Од Здравствениот дом во Врање соопштија дека имунизацијата на граѓаните на Република Северна Македонија продолжува во сабота и недела.

Благодарение на беспрекорната организација на масовна имунизација во сабота и недела, на 5 и 6 јуни 2021 година, Здравствениот дом во Врање продолжува да ги имунизира граѓаните на Република Северна Македонија на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање, каде што група од 753 граѓани ќе ја примат првата доза вакцина Фајзер.

Досега во Врање биле вакцинирани 1.105 граѓани на Република Северна Македонија, од кои, според податоците, 836 од нив ги примиле обете дози на вакцината , според Здравствениот дом во Врање.

 

Слични содржини