Лицата кои добијат 6.000 денари може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања.Сега парите може да се искористат во кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.
Новата одлука предизвика метеж пред банките, откако граѓаните разбраа дека можат парите да ги подигнат и од банкоматите.
Од банките информираат дека помошта од 6000 денари може да се искористи во готовина.
– Од банката ме информираа дека нема потреба да ја обнова доколку не ја користам и дека може парите да ги подигнам во готовина, вели нашиот соговрник Ѓорги Атанасов.
Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.
-Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, соопштија од Влада.
За самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.