239
Постои координација и комуникација на државно ниво за прием и третман на пациентите соодветно на нивната состојба. Не може да се случи без координација и без претходна најава да се прати пациент без притоа да биде обезбедено место и тој да седи во кола за Итна Помош и да чека, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Кога има огромен наплив на пациенти, посочи тој, нормално е да има и ситуации со гужви, кои не се поради тоа што некој не работи, туку поради тоа што вработените се преработени и некогаш не можат да постигнат.
– Ова неуморно го работат од месец март и не се запрени, а нема ни да запрат. Апелирам на трпение и разбирање кон здравствените работници, додаде министерот за здравство.