Гвардиола: Ако го обновам договорот, тоа ќе биде на крајот на следната сезона

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за неговиот нов договор со клубот.

„Ако го обновам договорот, тоа ќе се случи на крајот на следната сезона. Тоа дефинитивно нема да се случи пред тоа. Поминаа многу години, ќе треба да одлучиме како ќе се чувствуваме заедно со тимот. Би останал уште 10 години, но ќе треба време за да се разбере каква ќе биде ситуацијата. Да, разочарани сме, сакавме да играме финале, но елиминацијата од Лигата на шампионите нема да влијае на мојата иднина. Она за што дојдовме во Сити веќе е направено“, изјави Гвардиола за Sky Sports.

Актуелниот договор на 51-годишниот менаџер со Сити е до 2023 година. Тој е во тимот од 2016 година.

За тоа време англискиот клуб три пати ја освои Премиер лигата, два пати Суперкупот и еднаш ФА Купот.

Сити стигна и до финалето на Лигата на шампионите, каде загуби од Челси (0-1).

Слични содржини