Гвардиола: Ако Меси е среќен, тогаш и јас сум

од Nikola Popovski
275 прегледи

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, е среќен за Лионел Меси, но и за Марко Верати.

Шпанецот беше ривал на овие двајца играчи на натпреварот од Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, кој му припадна на францускиот тим, со резултат 2:0.

Меси го постигна својот деби гол за ПСЖ.

-Ако Меси е среќен во Париз, тогаш и јас сум. И дозволете ми да кажам дека сум вљубен во Верати. Тој е исклучителен играч. Тој е мал … но секогаш можете да сметате на него. Среќен сум што се врати по повредата, рече Гвардиола.

По две кола во групата А, ПСЖ има четири, а Сити три бода на табелата.

Фото: Profimedia

Слични содржини