262
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола подготвил 75 милиони фунти за халфот на Реал Мадрид Иско, вели весникот „Сан“.
25-годишниот техничар ги одби на два пати „граѓаните“ во последните сезони, но овој пат ситуацијата е многу поинаква.
Иско влезе во конфликт со тренерот Зинедин Зидан и според англиското издание веќе е подготвен за менување на средината. Тој дури и нема трпеливост да игра под водство на Гвардиола.
Каталонскиот специјалист не ја крие својата опсесија по креативните халфови и во тимот има изобилство од такви, но тој е решен да го донесе и шпанскиот репрезентативец на стадионот „Етихад“.