Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола му оддаде почит на Хесус Навас, кој ја заврши фудбалската кариера на крајот на 2024 година.
Летото крилниот напаѓач стана европски шампион со шпанската репрезентација, а во кариерата Навас играше само за два клуба, речиси цел живот го помина во Севиља освен една епизода во Манчестер Сити, каде можеби ќе останеше подолго – доколку не беше Гвардиола.
Во 2013 година, Навас се пресели од Севиља во Сити за 20 милиони евра под водство на Мануел Пелегрини, но четири години подоцна го напушти клубот. Гвардиола сега призна дека ова му била една од најголемите грешки во неговата тренерска кариера.
„Ти благодарам за подарокот да поминеш една година заедно со нас. Не знаеш колку ми е жал што се откажав од тебе. Посакувам да останеше овде подолго, но понекогаш луѓето грешат.
Им честитам на сите Севиљци бидејќи имаа толку извонреден играч и личност. Уште многу години, не дозволувајте да оди. Чувајте го блиску до клубот и блиску до сите вас“.
Навас освои четири титули во Лига Европа со Севиља и за неговиот придонес во клубот, претседателот Хозе Марија дел Нидо Караско му понуди доживотен договор кој ќе му овозможи да преземе каква било менаџерска функција.