Гвардиола го фалеше Узбекистанецот, но потоа О’Рајли и Гвардиол го „зацементираа“ на клупа

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов во јануари пристигна во Манчестер Сити од Ленс за 40 милиони евра, а само неколку дена подоцна дебитираше за „граѓаните“. Тоа се случи во победата од 3-1 против Челси.

Иако само што пристигна на „Етихад“, Пеп Гвардиола многу брзо го „фрли во оган“, а дебитираше само неколку дена по пристигнувањето во Манчестер. Првиот настап го забележа во победата против лондонскиот тим, но Хусанов беше одговорен за голот на Челси во раната фаза од натпреварот, за подоцна да добие жолт картон во 4. минута.

Во вториот настап, против Лејтон во ФА Купот, постигна гол за 1:1, а Пеп Гвардиола го пофали: „Тој играше многу добро против Челси, Ориент, Њукасл, Реал Мадрид и Ливерпул. Тој може да биде одличен играч во иднина. Има голем потенцијал. Тој е исклучително брз и има одлична контрола на топката. Тој треба да ги подобри своите решенија, но тоа е прашање на искуство“.

Хусанов си постигна автогол во ремито 2:2 со Брајтон и беше заменет на полувремето во четвртфиналето на ФА Купот против Борнмаут.

Секако, само Гвардиола знае зошто Хусанов, кој е роден на 29 февруари 2004 година во Ташкент, е исфрлен од тимот.

Иако се шпекулира дека појавувањето на О’Рајли како лев бек ги зацврсти Јошко Гвардиол и Рубен Диас во центарот на одбраната. Гвардиола не кажа ниту збор за тоа.

Враќањето на Гвардиол на централната позиција очигледно ќе му нанесе штета на Хусанов, кој ќе мора почесто да седи на клупата или само да собира минути кога некој од централните бекови од стартната постава ќе биде „аут“.

Слични содржини